Devam etmek için giriş yapın — işleminiz tamamlanacak. Hesabınız yok mu? Kaydolun
Љубов за 17 1/2 долари
Kнигата Љубов за 17 1/2 долари од Чарлс Буковски претставува антологиски избор од расказите на познатиот американски писател. Изборот е на Владимир Јанковски и Марко Петрушевски, кои заедно со Димитар Самарџиев се и преведувачи на книгата. Наспроти големиот светски успех - кој не беше само книжевен бидејќи Буковски стана ѕвезда и во погенерална смисла - интересно е што тој остана една од поиздвоените и поосамените фигури во современата светска литература, па и уметност воопшто. Тој никогаш не припаѓал на каква било книжевна група која низ заеднички идеи и цели полесно би го привлекла вниманието на публиката, иако често го доведувале во врска со духовните современици, поетите на американската бит (Беат) генерација. За разлика од познатите битнички автори кои наместо поезија често нудеа утописки претстави за личното и колективно спасение, Буковски немал илузии од тој тип. Еве што вели во едно од своите писма: “Конечно, сите наши зборови се празни, да бидеме реални... Што можеме да направиме? Не многу.
Можеби толку за да бидеме малку посреќни од другите? Потребни ни се малку лудост и радост пред да нè најдат укочени во некој уличен агол или во собата... Страшно се растажувам кога ќе помислам колку сме ограничени. Но, со што, всушност, би можеле да ја споредиме својата ограниченост? Нема помош.” И на гробот на Чарлс Буковски, впрочем, врз големото парче црн мермер издлабени се слични штури зборови како негова порака: “Не се обидувај.” Буковски не криел дека целиот живот го опседнувале само две нешта: пиењето и жените. Но, низ опседнатоста со тие два мотива, се создава цел еден книжевен универзум.
▾ Devamını oku▴ Daha az
Takasa Açık
0Şu an takasa açan yok.
Takasa çıkınca haber verYorumlar
Bu kitaba henüz yorum yapılmamış. İlk yorumu sen yaz.